Едноставно и корисно УПАТСТВО: Еве како правилно да ги исперете перниците

popara6 мај, 20231min00
Screenshot_7

Обично не обрнуваме внимание на тоа како правилно да ги переме перниците и душеците, како и на тоа што се се крие внатре.

 

 

 

– Луѓето честопати не сфаќаат дека перниците апсорбираат многу нечистотија, масни дамки, плунка, пот, бактерии, мувла, па дури и габи, вели Мишел Фишберг, извршен директор на компанија за душеци.

 

– Ова влијае на квалитетот на вашите перници, но и на здравјето, додава таа посочувајќи ги трите правила за правилнно чистење.

 

Чекор бр. 1:

 

Протресете ја перницата барем еднаш месечно и оставете ја сама да си го врати својот нормален облик. Потоа закачете ја на жица да се проветри од нечиститотијата насобрана внатре. Или, пак, ако перницата е од вештачки материјали, пуштете ја во машина за сушење.

 

Чекор бр. 2:

 

Перење во машина. Освен ако се работи за перничка со назнака „Дозволено само за суво хемиско чистење“, како што се перниците од мемори пена или латекс. Доколку машината е поголема, ставете две пернички одеднаш. Тоа секако ќе одземе повеќе време за сушење, но во самиот процес овозможува поефикасно кружење на водата низ материјалот. Користете мала количина прашок или течно средство за перење. Исто така се препорачува сушење на возух, без топлина.

 

Полиестерот се пере со топла вода и на бавно вртење.

 

Чекор бр. 3:

 

По вадењето од машина, исушете ја перницата до последната капка. И тоа не се постигнува со машина за сушење, туку само со топло воздушно струење, кое би траело барем еден час. Во тоа би помогнале неколку суви крпи и удари со тениски рекет.

 

Сето ова е препорачливо да се прави барем двапати годишно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma