3 лаги што мажите им ги кажуваат на жените кога сакаат да им дадат ЛАЖНА НАДЕЖ

popara7 мај, 20231min00
shutterstock1395298583-830x0

Советник за врски откри три лаги за кои вели дека мажите им ги кажуваат на жените кога сакаат да им дадат лажна надеж.

Џејкоб Лукас, кој живее во Велика Британија, вели дека ги користел неговите реални методи за да „помогне на милиони луѓе да го добијат љубовниот живот што отсекогаш го посакувале“.

Покрај тоа што работи директно со клиенти, тој споделува содржини за запознавање на TikTok со своите 750.000 следбеници.

Во неодамнешното видео, кое беше насловено: „Запомнете дека заслужувате многу подобро од некој што ве лаже“, тој покажа примери за неискрени коментари за кои вели дека мажите понекогаш ги користат.

– Ако некој прави нешто од овие работи, оставете го, бидејќи заслужувате подобро од тоа – рекол Џејкоб.

– Јас сум професионален тренер за запознавање, а ова се три лаги што ќе ви ги каже мажот за да ви даде лажна надеж дека ќе влезете во врска.

1. „Не сум подготвен за врска“

Првата лага што ја споделува Џејкоб е ако мажите не сакаат да ја наречат врската „врска“, дури и кога се гледате долго време.

– Број еден, ако сте со него повеќе од три месеци и тој ви каже дека се уште не е подготвен за врска, тоа е лага.

– Запомнете, ако мажот по три месеци не може да одлучи дали сака да биде со вас, тогаш тој е маж со многу ниска вредност, бидејќи тоа покажува дека е многу неодлучен и дека заслужувате некој многу подобар – вели Џејкоб.

2. Едно кажува, друго прави

Неговиот втор совет се однесува на тоа дали зборовите што ги кажува се конзистентни со неговите постапки.

– Кога ќе ви каже дека ве сака, но сепак не сака да се врзе за вас, оставете го. Ако ве сака, ќе се посвети и тоа е факт. Причината поради која рекол „те сакам“ е да ви даде лажна надеж и да ве повлече. Вие заслужувате многу подобро.

3. „Не е вистинското време за нас“

Продолжувајќи кон својата трета и последна точка, Џејкоб рече:

– Ако некому му посветувате време како да е ваш дечко, но тој всушност не е ваш дечко, тој ќе каже дека едноставно не е вистинскиот момент во неговиот живот да биде во врска со вас.

@jacoblucas101

Remember that you deserve so much better than somebody who lies to you #datingcoach #relationshipcoach #relationship #boyfriend #girlfriend #psychology #relationshipadvice #datingadvice

♬ original sound – Jacob Lucas | Dating Coach

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma