КАКО ПОБРЗО ДО КОЦКИ МРАЗ? Веројатно отсекогаш сте ги правеле погрешно!

popara7 мај, 20231min00
26785_cube-3141461_960_720_f

Ова е феномен познат како „Мпемба ефект“. За ова откритие е одговорен студент од Танзанија, Ерасто Мпемба, а има две можни објаснувања…

Тајната е во топлата вода. Сите ставаме ладна вода во нашите садови за мраз, но тоа е погрешно. Колку и да звучи неверојатно, топлата вода побрзо ќе формира мраз.

Ова е феномен познат како „Мпемба ефект“. Ова откритие се должи на студентот од Танзанија Ерасто Мпемба, кој уште во 1963 година открил дека тоа навистина е така. Забележал дека топлиот сладолед се замрзнува побрзо од ладниот сладолед. Тој го објавил своето откритие на јавноста шест години подоцна.

Сепак, не е сосема јасно зошто тоа се случува. Постојат две можни објаснувања за овој феномен. Првото е дека топлата вода побрзо испарува, волуменот на водата се намалува и мразот се формира побрзо. Според друго објаснување – кога се користи ладна вода, се формира слој кој делува како изолатор и е одговорен за побавно замрзнување, пишува „Country Living“.

Но, како и да е, тоа е помалку важно – важно е дека има мал трик за побрзо претворање на водата во коцки мраз, па гостите нема да мора да чекаат долго за да испијат ладен освежителен пијалок.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma