Малку наут, кромид, магдонос, моркови и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да ги направите овие одлични плескавици.
Веруваме дека овие плескавици од наут ќе ги воодушеват и најголемите гурмани:
Состојки:
400 гр конзервирана леблебија
половина главица кромид
една лажица сечкан магдонос
две и пол лажички чиа семе
една лажичка мелен ким
половина морков
40 гр оризово брашно
маслиново масло
сол, бибер
Подготовка:
Наутот исцедете го, ставете го во блендер, додадете го крупно исечканиот кромид, морковот, магдоносот, чиа семките, кимот, солта и биберот и сè убаво измешајте. Од добиената смеса формирајте плескавици, извалкајте во оризово брашно и пржете во тава на маслиново масло додека не поруменат од двете страни.