Американскиот актер и режисер Стивен Сигал (70) наводно на прес-конференција во Самара зборувал за работа на документарен филм кој ќе ги прикажува настаните од „специјалната воена операција“ во Украина.
Холивудската ѕвезда планира да докаже дека Русија не ја нападна Украина, како што пишуваат другите земји за тоа, туку само се бори против нацизмот.
„Во моментов се снима документарен филм за настаните во Украина. Мислам дека е важно на светот да му се покаже целата вистина и што навистина се случи таму. Истото им се случи и на другите земји, вклучително и претставниците на НАТО и САД. Ова не е окупација, како што велат“, рекол Сигал на прес-конференцијата.
🤡Actor Steven Seagal has started preparing a documentary about a military special operation in which he hopes to tell "the whole truth" about what is happening in Ukraine#Ukraine #RussiaIsCollapsing #Russia #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/K9UnaA1yff
— Intermarium 24 (@intermarium24) May 7, 2023
Сигал тврди дека ги посетил жариштата во зоната за специјални операции, каде се сретнал со голем број руски војници, а наводно разговарал и со украински војници. Тој тврди дека 99 отсто од информациите за тоа што се случува во Украина доаѓаат од странски медиуми кои никогаш не стапнале таму, а тој верува дека повеќето од овие лажни информации доаѓаат од центри лоцирани во САД, поради што светот не знае која е вистината.
Пред девет месеци, Денис Пушилин, лидерот на делот од регионот на Доњецк кој е под контрола на Москва, го најави филмот на Сигал за настаните во Донбас и на територијата на републиката. Лидерот на ДПР му посака среќа бидејќи смета дека менувањето на ставот на јавноста кон оваа војна не е лесна задача, а ги потврди и разговорите на Сигал со воените заробеници во центарот на Јеленовка.
🎥 Steven Seagal will shoot a film about the events in Donbass
👤 As the actor and director himself stated, in this documentary work he intends to "show the whole world the truth."
▶️The Hollywood star plans to show irrefutable evidence that Russia, having started the SMO, did… pic.twitter.com/RDsLanIXzH
— dana (@dana916) May 7, 2023
Прес-службата на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) претходно објави дека Сигал го посетил Донбас заедно со партискиот лидер Леонид Слуки, кој е и претседател на меѓународниот комитет на руската Државна дума (долниот дом на парламентот).
Стивен Сигал беше ѕвезда на американските акциони филмови во 80-тите и 90-тите. Додека неговата кариера беше во опаѓање, тој полека се зближуваше со политичките лидери, вклучувајќи го и Владимир Путин. Во 2016 година Путин му врачи руски пасош иако го задржа американското државјанство. По добивањето државјанство, Украина му забрани влез во земјата поради ескалацијата на немирите во источна Украина.
Потоа, во 2018 година, тој беше назначен за специјален пратеник за подобрување на односите со САД и Јапонија. Руското Министерство за надворешни работи тогаш соопшти дека задачата на Сигал ќе биде „да ги олесни односите меѓу Русија и САД на хуманитарното поле, вклучително и соработката во културата, уметноста и размената на млади“.
Тој се приклучи на националистичката партија во 2021 година, а рускиот претседател на крајот на февруари 2023 година му врачи Орден за пријателство за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната култура и хуманитарната соработка, се вели во документ објавен на официјалната веб-страница на руската влада.
🇷🇺🇷🇺 Actor and director Steven Seagal has begun preparing a documentary about the NWO, in which he intends to show "the whole truth" about what is happening in Ukraine.
"To prove and show that this was not our invasion, as other countries say."
1/2 pic.twitter.com/0bSFL7lfSJ
— T.Vajrayana (@TVajrayana) May 7, 2023
Во октомври минатата година, за 70-тиот роденден на Путин, Сегал сними видео со порака за поддршка на рускиот претседател, кого го нарече „еден од најголемите државници во светот“.
„Искрено се надевам и се молам да ја добие поддршката, љубовта и почитта што му се потребни. И дека сите сегашни неволји наскоро ќе завршат, дека ќе живееме во свет во кој ќе владее мир“, рече Сигал во една од претходните снимки.
Steven Seagal will direct a film about SMO .
Actor and director Steven Seagal has begun preparing a documentary film about a military special operation, in which he intends to show "the whole truth" about what is happening in Ukraine. pic.twitter.com/JXUwE7RtSh— Spriter (@Spriter99880) May 6, 2023