Кејт Мидлтон по восхитувачкото издание на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс, заблескала и на неделниот концерт којшто следел, појавувајќи се во црвено одело од брендот „Alexander McQueen“.
Истиот дизајнер, принцезата од Велс го бирала и за свеченоста на крунисувањето, а за прославата носела впечатливо, црвено одело кое всушност веќе го покажала на настан во јануари.
Таа му се придружила на останатиот дел од кралското семејство на екстравагантниот музички специјал одржан во замокот Виндзор каде седела во првиот ред.
Имено, 41-годишната војвотка одлучила да носи црвен, дводелен комплет којшто има асиметричен горен дел и широки панталони.
Нејзиното впечатливо ланче од брендот „VanCleef Magic Alhambra“ чини околу 10.000 евра, а истото го комбинирала со обетки кои чинат 6.000 евра.
Нејзиниот раскошен изглед од церемонијата ги воодушевил критичарите, а многумина го окарактеризирале ова нејзино модно издание како достојно за кралица.
#Kate #Catherine #PrincessofWales at tonight’s #coronationconcert looking resplendent in a red suit by Alexander McQueen. The necklace and earrings are lovely too. She always looks great in red. #ladyinred pic.twitter.com/vPShX17xSF
— Ciara Quill (@ciaraquill) May 7, 2023
На изненадување на многумина, таа не носела баретка, а наместо тоа принцезата имала украс за глава којшто го дизајнирале „Jess Collett“ и „Alexander McQueen“ со тродимензионални листови од сребро и кристали.
Ова издание јавноста го окарактеризира како восхитувачко, истакнувајќи дека нејзината неверојатна убавина е онаа која е достојна за идна кралица.
Една од фотографиите на која гледа на страна особено е популарна, а споделена е со опис: „Погледот на идната кралица“.