Доволен е само еден поглед во огледалото кон јазикот за да откриете дали страдате од некој здравствен проблем. Па, наместо да се чудите зошто јазикот одеднаш ви побеле или стана потемен, внимателно продолжете да читате.
Функцијата и изгледот на јазикот е многу поважен отколку што мислиме, затоа што баш како и лекарскиот картон, на него се запишани сите состојби и недостатоци на организмот.
Токму ова се најчестите 10 кои можеби ви се случуваат во моментов, а не ви текнало да ги проверите.
- Нормален јазик – розов, без траги и дисбаланс на бојата, со јасни и умерени наслаги покажува правилно функционирање на организмот.
- Тенок бел слој, видливи траги од заби и неколку црвени точни – Овој изглед на јазикот упатува на недостаток енергија и константен замор, лош апетит и претерано потење. Честа појава е кај загрижените и нервозни личности.
- Тенок жолт слој на средината, а темно црвена боја на јазикот – Овој изглед на јазикот предупредува на проблеми со варењето, дехидрација или кожни болести. Променливото расположение исто така е еден од видливите симптоми кај личностите со ваков јазик.
- Голем бел слој, отечени рабови на јазикот – Овој изглед исто така упатува на проблеми со системот за варење, односно собирање на вода во организмот. Личностите со ваков јазик често пати патат од малаксаност и безволност.
- Темни точки на виолетов јазик – Големи се шансите дека имате застој на крвта и проблеми со вените. Отечени нозе, главоболка, болка во градите и кожа без сјај се честите недостатоци од кои страдаат овие личности.
- Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – Оваа состојба открива дека емоционалната состојба на личноста е нарушена. Енергијата во телото се насобира и предизвикува чести воспаленија.
- Црвен јазик со жолти наслаги – Ова е показател за повишена телесна температура која укажува на можни инфекции и проблеми со кожата.
- Густ бел слој и блед, отечен јазик – Изгледот упатува на инфекција, како и недостаток витамини и минерали. Плус, ако имате блед тен, болка во карлицата и чувство кое се граничи со паника задолжително посетете лекар.
- Тенки резови/пукнатини на јазикот – Показател за габични инфекции кои најчесто се манифестираат и со потење, несоница и иритација.
- Блед јазик, без наслаги – Укажува на намален проток на крвта, анемија, недостаток на меморија и концентрација. Често пати жените со ваков јазик имаат хормонален дисбаланс.