Според Анџела Тијан Зу, доктор по традиционална кинеска медицина, промајата, струењето на ветер меѓу два прозорци, се смета за причина за многу тегоби и болести.
Докторот по кинеска медицина Анџела Тијан Зу наведува дека провевот може да биде причина за бројни болести. Во традиционалната кинеска медицина, изложеноста на промаја е дури и поврзана со мултиплекс склероза, тврди таа.
Ветерот што дува меѓу два прозорци или врати е поопасен по здравјето, бидејќи е посилен од обичниот ветер. Особено е опасен за луѓе со слаб имунитет. Во чувствителните групи спаѓаат најстарите и децата, па особено се препорачува да не се изложуваат на промаја.
Анџела Тијан Зу исто така изјавила дека провевот може различно да влијае на различни органи. Ако зглобовите се изложени, постои ризик од воспаление и артритис.
Промајата исто така може да предизвика главоболки, болки во ушите или болки во грлото. Тоа претставува опасност и за органите за дишење – долготрајната изложеност на провев може да доведе до настинка, или во потешки случаи до хронична кашлица или болки во грлото. Исто така и болката во вратот или долниот дел на грбот може да биде предизвикана од изложеност на провев.
Лошите ефекти од промајата се добро познати. Сепак, не постои официјален научен доказ дека тоа е причина за разни тегоби и болести.