Војната е една од најстрашните работи што може да му се случат на еден народ.
Филмовите и сериите со воена тематика се многу чести, па затоа ова одамна не е непозната тема.
Меѓутоа, ако неодамна не сте гледале мултимедијални содржини со оваа тема и не сте жртва на посттрауматско стресно растројство, тогаш војната во вашите соништа може да има повеќе значење.
Да сонувате дека сте сведок на војна
Ако во сон сте сведок на војна како набљудувач, тоа значи немир.
Премногу лично доживувате забелешки или конфликти во семејството и на работа. Многу лесно се навредувате и не можете да функционирате без стрес или страв.
Во вас, како и во вашиот сон, се одвива битката на „доброто и злото“, помеѓу вашите очекувања и реалното прикажување на нештата.
Ако сте на пресврт во љубовната или деловната врска, се двоумите каква одлука да донесете. Размислете добро за одлуката, штом вратата е затворена – тешко е да се отвори.
Ако единствениот страв ви е дека ќе ги изневерите туѓите очекувања, ќе сфатите дека најдобро е да стегнете заби и да се обидете да живеете како што сакате.
Да сонувате за победа во војна
Парадоксално, победата во соништата значи токму спротивното во реалниот живот – пораз, пренесува „Сановник“.
Како познатата поговорка: „Ако ја погодиш целта, се останато си промашил“.
Овој сон го нагласува токму ова чувство, дури и ако постигнете нешто што сте го посакувале – ќе има празнина во вас.
Да сонувате дека сте ранети во војна
Воени херои се оние кои не бегаат од конфликти и не ги оставаат своите другари на цедило, дури и по цена на сопствениот живот.
Да сонувате дека сте ранети во битка значи дека ќе му бидете од голема помош на пријател или љубовен партнер и дека, и покрај судовите и предрасудите, нема да го оставите на цедило.
Да сонувате дека умирате во војна
Ако сонувате лична смрт во воени околности, тоа значи длабока траума што ве прогонува и мачи.
Совет е да ја пуштите и да разговарате со некого за вашите проблеми.
Да сонувате дека губите битка
Иако оваа ситуација е стресна во реалниот живот, во сон – навестува чувство на олеснување.
Имено, се што ве притискало или мачело долго време – ќе го преболите.