Дали кафето со лимон навистина помага при слабеење? Експерт дава одговор!

popara10 мај, 20231min00
shutterstock2059346099-830x0

Како што наближува времето за здолништа, фустани и шорцеви, така луѓето се повеќе бараат на Интернет начини и диети за слабеење.

Така, неодамна на социјалната мрежа „ТикТок“ има се повеќе луѓе кои тврдат дека изгубиле голем број килограми користејќи мешавина од лимон и кафе.

Наводно, шолја кафе со сок од половина лимон или лимета помага во согорувањето на масните наслаги.

Сепак, дали е навистина така?

– И кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси, но нема значајни докази кои сугерираат дека додавањето лимон во кафето може да влијае на согорувањето на мастите – вели нутриционистот Кристал Скот.

Од научна гледна точка, всушност не постои храна која сама по себе согорува масти. Кафето навистина го забрзува метаболизмот, но тоа се мали промени за организмот. Од друга страна, лимонот поволно делува на имунитетот, го подобрува и метаболизмот, а во комбинација со вода го хидрира организмот.

– Постојат некои докази кои сугерираат дека кафето може да биде поврзано со намален ризик од развој на дијабетес тип 2. Сепак, потребни се дополнителни истражувања – вели Кристал.

Таа наведува и дека нема потенцијални ризици од пиењето кафе и лимон, но дека треба да бидете умерени, бидејќи кофеинот може да предизвика несакани ефекти.

– Луѓето кои се анксиозни или имаат висок крвен притисок треба да избегнуваат големи количини на кафе – заклучува нутриционистот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma