ХОРОСКОП ЗА 10-ТИ МАЈ: Еден знак ја иритира околината, а друг премногу мечтае и ја ризикува врската

popara10 мај, 20231min00
349309b0bc5d1c8d3cf85c29ea117912ccbd2839

Овен

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку бидејќи однапред планирате активности, чија реализација е се уште далеку. За да се направи нешто конкретно, треба темелно да се подготви теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

Бик

Негативната енергија што ја активирате се собира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го игнорирате фактот дека ги оптоварувате со вашето досадување. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате.

Близнаци

Добивате покана активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето деловно опкружување. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов вид на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е добро за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

Рак

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако е за повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.

Лав

Им дозволувате на вашите финансии да го диктираат вашето расположение и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги игнорирате проблемите со парите, ќе разберете дека дебел паричник не е неопходен за дружење и пријатни неформални разговори.

Девица

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа најверојатно е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

Вага

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, во исто време пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

Шкорпија

Не сте во форма, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент.

Стрелец

Непланираните трошоци целосно ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.

Јарец

На љубовен план се проектира и мечтаењето кое ве обзема. Спуштете се на земја, поради изразените промени на расположението сте почувствителни, што може да ги искомплицира односите и веќе разнишаната врска, да ве одведе во тешко искушение.

Водолија

Намалете ја вашата нетрпеливост и импулсивност на минимум за да избегнете повеќе проблеми. Си давате слобода да барате заслуги што не сте ги заработиле. Време е да ја пронајдете убавината во одрекувањето и давањето, дури и ако симболично подарувате ситници.

Риби

Со арогантен однос ја иритирате околината која има се помалку трпение за вашите гафови. Доколку не се извлечете на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете и прилагодете ја брзината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma