Состојки:
1 голема тиквичка
200 гр гриз
100 гр фета сирење
100 мл масло
3 јајца
3 лажици брашно
1 прашок за пециво
Подготовка:
Тиквичките излупете ги, посолете ги и оставете ги да се исцедат 30 минути, па истискајте ја водата од нив. Јајцата се матат со вилушка, се додаваат маслото, сирењето, гризот, брашното и прашокот за пециво. Додадете ги тиквичките и соединете се. Истурете масло во тавата и ставете ја во рерна да се загрее на кратко на 200 степени, а потоа истурете ја смесата и печете околу половина час.