Членовите на кралското семејство беа многу зафатени во последните неколку дена поради церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III во Вестминстерската опатија во Лондон.
Кејт и Вилијам одлучија вчерашниот ден да го поминат со децата и да се релаксираат забавувајќи се во природа.
Иако навикнавме да ја гледаме Кејт во елегантни и деловни изданија, таа со комбинацијата што ја носеше вчера докажа дека пред се, е мајка.
За да ужива со своите малечки, принцезата облекла комбинација која многу лесно се копира.
Кејт носеше сина кошула која беше вовлечена во карго панталони со кафен ремен, а кожените чизми одлично се совпаѓаа со изгледот.
Парчето облека кое го привлече вниманието на многумина се карго панталоните кои одлично и прилегаат на принцезата, а кои девојките од нашата земја ги носат многу често во последно време.