ЌОФТЕ СО МИРИС НА МЕДИТЕРАНСКИ БИЛКИ! Вкусни залчиња со поинаква аромa

popara10 мај, 20231min00
568564_cufte_f

Ќофтињата во сос од домати во медитерански стил се неодолив, лесен оброк кој не одзема многу време за подготовка.

Можете да послужите пире од компири, ориз или тестенини со ќофтињата во медитерански стил. Рецептот што го предлагаме е поинаков од другите – во подготовката на сосот се користат босилек, оригано и црвено вино.

Состојки:

500 грама мелено месо

1 јајце

парче стар леб

1,25 дл млеко

1/2 китка босилек

2 глави кромид

4 чешниња лук

1 лажица оригано

2 лажици масло

1,5 дл црвено вино

500 мл сос од домати

сол

бибер

Подготовка:

Кога ги подготвувате ќофтињата, прво потопете го лебот во млекото. Потоа исецкајте ги босилекот, кромидот и лукот. Во садот ставете го месото, лебот исцеден од млекото, половина од лукот, јајцето, солта и биберот. Намокрете ги рацете и формирајте ќофтиња. Во добро загреано масло ставете ги ќофтињата и пропржете ги.

Потоа во истото масло издинстајте го кромидот и преостанатата количина лук. Кога кромидот ќе омекне, додадете го виното, сосот од домати и зачините. Варете го овој сос десет минути на тивок оган.

Наредете ги ќофтињата во огноотпорен сад. Прелијте со сварениот доматен сос и печете во рерна. Готовите ќофтиња можете да ги декорирате со сечкан босилек.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag