
Поткожните влакна понекогаш може да предизвикаат дополнителна непријатност
Не постои жена која барем еднаш не се сретнала со поткожни влакна. Ова е првенствено естетски проблем, но може да се претвори во посериозна инфекција која бара хируршка интервенција. Се јавува како резултат на промена на правецот на раст на влакното, пред да го напушти фоликулот. Тоа доведува до негово извртување и раст во спротивна насока, под површината на кожата. Местото може да биде болно, отечено и можен е и исцедок.
Најчесто се јавуваат кај луѓе кои се повлакнести и имаат темна коса, поради честото триење, бричење и депилација со восок. Овие два методи на отстранување на влакна ја иритираат површината на кожата.
Совети за спречување на поткожните влакна:
– Пилинг
Пред бричење, задолжително направете пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата или едноставно истријте го со фротирска ракавица.
– Доколку користите брич, задолжително нанесете блага пена за бричење пред да ги отстраните влакната. Погрижете се бричот да биде остар, бидејќи стариот повеќе ќе ја иритира кожата, а има и поголеми шанси да се исечете.
– Бричење во вистинската насока
Наместо да одите од долу нагоре, со бричот поминувајте од горе надолу.
Како да се третираат поткожните влакна?
За почеток, не допирајте го воспаленото место, не стискајте.
Нанесете топла облога и оставете да делува. Тоа треба да ги отвори порите. Потоа направете благ пилинг и нанесете препарат со салицилна киселина. Влакното треба да излезе на површината. Потоа извлечете го со пинцета. Намачкајте ја областа со антибиотска маст. Доколку и после овој третман не успеете да го решите проблемот, обратете се кај козметичар или дерматолог. Секогаш постои можност да се развие инфекција, па затоа е важно да се спречи.