Џенифер Лопез синоќа се појави на премиерата на нејзиниот нов филм во Лос Анџелес, а овој пат беше придружувана од нејзиниот сопруг Бен Афлек кој не сака многу да се експонира во јавноста.
Актерката и пејачка носи блескав бел комплет и изгледа беспрекорно. Макси здолниште со висок струк го искомбинирала со бел топ, а над него додала бел капут исто така со светки. Во раката носи мала плик чанта со минимални дополнителни аксесоари.
Џенифер ја собрала косата во тесно, високо опавче за да се истакне остатокот од нејзиниот изглед.
Бен, кој вообичаено претпочита полежерен стил на облекување, вложил посебен напор за големиот ден на неговата сопруга. Тој беше особено елегантен во црн триделен костум.
Двојката се венчаше минатата година на имотот на Бен покрај езерото. Тие организираа тридневна прослава за семејството и пријателите, на која присуствуваа сите нивни деца од претходните бракови.