ПРОБАЈТЕ ЈА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЕРЗИЈА НА ОМЛЕТОТ! Неодолив рецепт за оригинален појадок на кој нема да можете да му одолеете

popara11 мај, 20231min00

Фритата, италијанска верзија на омлет, се прави со зеленчук и е идеален избор за нутритивно богат утрински оброк.

За разлика од обичниот омлет, во фритатата се додава многу свеж зеленчук. Се подготвува брзо и лесно, и гарантира добар почеток на денот.

Состојки:

– 5 јајца

– 1 пиперка

-1 морков

– 1 стебленце праз

– 1 домат

– 200 грама спанаќ

– магдонос

сол, бибер, масло

Подготовка:

При подготовка на фритата, кромидот прво се пржи на загреано масло. Зеленчукот се сече на мали коцки.

Во изматените јајца се додава сецканиот зеленчук, спанаќ, сол и бибер.

Истурете ја целата смеса во загреаната тава. Покријте ја тавата и печете околу пет минути. Потоа фритатата ставете ја во рерна загреана на 200 C и печете ја.

Кога фритатата е готова, исечете ја на триаголници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag