4 МОДЕЛИ НА САНДАЛИ КОИ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖАТ ЛЕТОТО 2023 ГОДИНА! Бидете модерни и стилизирани во секоја пригода (ФОТО)

popara11 мај, 20231min00
250478_people-2560869-960-720_f

Доколку се прашувате какви сандали ќе бидат во тренд ова лето, ви претставуваме четири модели кои ги промовираат инфлуенсерките на профилите на Инстаграм.

Без разлика дали се подготвувате за одмор или прослава, секогаш можете да се одлучите за лесни и удобни модели кои ја најавуваат новата сезона во 2023 година.

Ги анализиравме трендовите кои се модерни на Инстаграм, па ви претставуваме четири актуелни модели на сандали.

  1. Сандали со полна пета

Сандалите добија нова верзија со полна пета, а овој скулптурален дизајн го усвоија сите – од големи брендови до high-street брендови.

  1. Ултраминимализам

Тивкиот луксуз стана исклучително популарен моден концепт кој се однесува на минималистички и елегантен стил, кој го нагласува квалитетот, без видливи логоа или статусни симболи. Идејата е да изгледате софистицирано, скапо и ненаметливо. Изберете луксузна чанта, со црн аутфит и едноставни апостолки.

  1. Платформи

Сандалите на платформа се уште се во тренд! Без разлика дали ќе се одлучите за папучи, сандали или штикли, платформата им дава помодерен, а дополнително ја издолжува фигурата.

  1. Кафени сандали

Кафените тонови беа насекаде по модните писти за пролет/лето 2023 година, па не е ни чудо што оваа нијанса беше пресликана во сите аспекти на гардеробата – од фустани и чанти, до сандали. Исто толку разноврсни како црната, лесно можете да ги комбинирате со која било облека, додека секогаш изгледате скапо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag