НАЈРЕТКИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Родените во овој период од годината ЦВРСТО стојат НА НОЗЕ, не се склони кон мечтаење

popara11 мај, 20231min00
shutterstock_2266054659

Тие се амбициозни и секогаш имаат план!

Јарецот е знак од групата земјени знаци кој е познат по својата амбиција, знак кој стои цврсто на земја и не е склон кон мечтаење. Јарците знаат што сакаат и одат по тоа без да се откажат.

Тие се сметаат за најреткиот знак во хороскопот, бидејќи статистиката покажува дека најмалку родендени се слават помеѓу 25-ти декември и 1-ви јануари, односно на Божиќ и Нова година, а ова се датумите на овој хороскопски знак чие владеење трае од 22-ри декември до 20-ти јануари.

Ваквите податоци покажуваат дека бројот на Јарците е многу помал во споредба со другите знаци на Зодијакот.

Студијата спроведена од магазинот „Smithsonian“ откри дека повеќето луѓе се родени помеѓу јуни и ноември, што значи дека повеќето деца се зачнати во студените месеци. Има смисла затоа што во зима сме повеќе дома.

horoskop

За разлика од Јарецот, еден припадник на водените знаци, кој пред се се карактеризира со силни емоции, се смета за најчест знак на хороскопот.

Тоа е мрачната и мистериозна Шкорпија.

Шкорпиите сочинуваат 9,6 отсто од населението во САД, што значи дека лесно можете да налетате на луѓе родени во овој знак. Исто така, има смисла со оглед на фактот дека секој што е зачнат на крајот од владеењето на Јарецот најверојатно ќе се роди кон крајот на октомври на врвот на владеењето на Шкорпијата, кое трае од 23-ти октомври до 21-ви ноември.