Кејт Бекинсејл е позната како кралица на црвениот тепих, таа навистина ретко греши и секогаш избира многу луксузни и убави креации. Сепак, овој пат актерката се одлучи за едноставно, но не многу блескаво издание.
Имено, Бекинсејл облече бел долг плисиран фустан, кој е многу гламурозен, но неговиот А крој е многу специфичен и проблематичен – тој е премногу широк и во некои моменти наликува на сако.
Од друга страна, оваа тоалета го истакна заносното деколте на познатата актерка, а нејзиното убаво лице како и секогаш остави силен впечаток. Комбинацијата ја заокружи со дијамантски обетки и празнична фризура и шминка.
Да потсетиме, медиумите деновиве ја поврзуваат Кејт со нејзиниот колега – помалку познатиот актер Мет Атвотер; парот во неколку наврати е фотографиран заедно.