
Глумицата Пенелопе Круз (49) заблеска во прекрасен фустан на церемонијата во Рим, која секоја година ја организира Академијата на италијанската кинематографија.
Славната Шпанка носеше креација на Долче и Габана, црно-бел фустан со карнери.
Струкираниот фустан со длабоко деколте и шлиц, проѕирен во долниот дел, инспириран од Шпанија и романтичните фустани и здолништа што ги носат фламенко танчерите.
Атрактивниот фустан актерката го комплетираше со додаток – црвен цвет во косата и лак во иста боја.




Оваа година, Пенелопе Круз се појавува во L’Immensita, семејна драма сместена во Рим во текот на 1970-тите години на 20-тиот век.