НАПРАВЕТЕ САМИ СВОЈ ПАРФЕМ Чекори како да имате само свој мирис од природни состојки

popara12 мај, 20231min00
Screenshot_5

Секоја жена обожава креми, дезодоранси и парфеми. Може да се каже дека без нив не се може. Меѓутоа, не е сеедно доколку приметите дека одредена личност користи парфем како вашиот. Секако, секој сака да се исткнува, а добриот парфем тоа ќе ви го овозможи. Затоа, земете ги работите во свои раце и направете си уникатен парфем за себе си и тоа дома!

 

 

 

Рецептот е следен: Измешајте 10 милилитри масло од јојоба и 10-15 капки етерично масло. И тоа е тоа! Навистина едноставна подготовка. Маслото од јојоба содржи корисни состојки, кои не ја сушат кожата, а овој парфем и подолго ќе ви трае.

 

Препорачуваме течноста да ја ставите во темно шишенце и полека да го промешувате маслото неколку пати дневно. После тоа оставете недела дена состојките да се соединат со секојдневно промешување. Ако сметате дека аромата е слаба, додајте од неа уште неколку капки.

 

Употреба: со прстот нанесувајте на кожа (на зглобовите, позади ушите, на вратот… во суштина каде сакате).

 

Дали добивте волја да ја испробате својата креативност и своите парфени? Само напред!