Состојки:
12 млади компири
50 гр путер
сол, бибер
Подготовка:
Компирите убаво измијте ги со вода, но немојте да ги лупите и сечкате. Гответе ги во солена вода 10-15 минути и внимавајте да не се преварат. Исцедете ги, почекајте да се оладат, па добро зачинете со сол и бибер. Намачкајте ја тавата за печење со четвртина од путерот, а остатокот стопете го. Секој компир премачкајте го со малку путер и печете во рерна загреана на 200 степени. По половина час извадете ги и прелијте со остатокот од путерот. Печете додека не добијат убава златно-кафеава боја и кората не стане крцкава.