Како што знаете, секоја непроспиена или лоша ноќ може да остави трага и да влијае на вашето целокупно расположение.
Според филозофијата и учењето на Фенг Шуи, спалната соба има исклучително големо влијание врз нашето тело и нашиот дух. Ако земеме во предвид дека поголемиот дел од времето поминато во нашата спална соба го поминуваме во пасивна состојба, за да го искористиме максимално, мора добро да се грижиме за се околу нас.
Еве што треба да отстраните од спалната соба:
Сите работи под креветот
Според филозофијата на Фенг Шуи, најдобро е да нема ништо под креветот, за ништо да не го нарушува протокот на енергија. Доколку навистина сте принудени или сакате да го искористите и овој простор, ставете меки и нежни работи под креветот, како што се перниците и остатокот од постелнината.
Важно е да ги отстраните од собата сите стари работи и работи кои не ги носите бидејќи и тие лошо влијаат на протокот на енергија.
Телевизија и други електронски уреди
Веројатно знаете дека не се препорачува да гледате телевизија или да користите телефон или компјутер пред спиење.
Книги
Сигурно е дека љубителите на книги ќе бидат прилично лути кога ќе им кажеме дека за книгите нема место во спалната соба. Книгите се предмети кои зрачат со активна енергија и не ви дозволуваат да се опуштите колку што е потребно. Ако едноставно не можете или не сакате да се ослободите од книгите од вашата спална соба, обидете се да ги тргнете од пред очи.