Модната индустрија ги поместува границите: Патики во облик на чизбургер

popara15 мај, 20231min00
veganske-patike-1-830x0

Matt B. Customs, уметник за дизајн на патики, го подигна терминот „брза храна“ на сосема ново ниво, создавајќи патика во форма на чизбургер, која вели дека е во чест на веганите и фитнес фанатиците.

Патиките со светли бои, комплетирани со парчиња домат и лист зелена салата, се целосно вегански.

Имено, Мет користел бои од растително потекло, а самиот материјал на патиките е изработен од јаглеродно неутрален материјал.

Оваа креативна личност наведува дека замислениот дизајн успеал да го имплементира за само неколку дена.

– Убавината на создавањето е спојување на работи што вообичаено не би имале шанса да ги видите, а овој проект е совршен пример за тоа. Уживав – изјави Мет.

Чевлите се создадени од билна компанија за да го лансира својот сосема нов бургер, надевајќи се дека ќе нагласи дека храната од растително потекло не само што е добра за животната средина, туку може да биде и забавна.

Имено, Мет произведе само два такви пара, а останува да видиме дали производот ќе стане апсолутен хит.

Што мислите за овој дизајн?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma