Научните студии потврдија дека пополните момци, кои имаат и поистакнат стомак, се далеку поиздржливи и подобри во кревет од послабите момци.
Повеќето жени кога го опишуваат својот идеален маж замислуваат висок, згоден, убав маж, некој како Бред Пит или Џорџ Клуни.
Научниците, од друга страна, тврдат дека всушност треба да обрнат малку повеќе внимание на помалку совршените. Имено, според една студија од Турција од 2017 година, мажите со прекумерна тежина со пивски стомак можат да бидат значително поизтрајни и поинтересни љубовници во кревет од оние кои редовно посетуваат теретана.
Научниците ја истражувале поврзаноста помеѓу индексот на телесна маса (БМИ) и сексуалната активност кај 100 мажи кои признале дека имаат одредени проблеми кога станува збор за сексот и ги споредиле со оние кои не се жалеле на својот потенцијал.
Резултатите укажале на фактот дека мажите со повисок индекс на телесна маса и поголем стомак можеле да издржат во просек 7,3 минути во кревет, додека послабите субјекти едвај издржале две минути. Разликата од пет минути е доста значајна. Всушност, тие откриле дека послабите мажи имаати поголема веројатност да страдаат од предвремена ејакулација, пишува „YourTango“.
Заклучокот е дека згодниот маж од вашите соништа всушност може да биде многу полош во кревет од некој помалку затегнат или дури и буцкаст.
Ова истражување дополнително поттикнало нови анализи. Имено, сексуалниот живот треба да биде одраз на општата здравствена состојба, особено во контекст на постојаните предупредувања за опасностите од дебелината.
Сепак, науката вели дека целата приказна е покомплицирана. Повеќе сало на стомакот, велат експертите, значи дека мажот има повеќе од женскиот полов хормон естрадиол, кој помага да се спречи оргазам. Истражувачите отишле дури дотаму што велат дека мажите со помалку мажествено тело имаат предност во сексуалната моќ во споредба со атлетските типови.