Шведската супергрупа ABBA би можела да се реформира за Евровизија следната година, што се совпаѓа со 50-годишнината од победата на легендарниот бенд на натпреварот со нивниот хит „Waterloo“.
Изборот за песна на Евровизија 2024 година ќе се одржи во Шведска, откако Лорин влезе во историјата во Ливерпул во неделата со тоа што стана првата жена што двапати победила на Евровизија.
„Откако победи Шведска, луѓето ќе ги стават своите пари на повторно обединување на ABBA. Тие победија на Евровизија во Брајтон во април 1974 година, а следната година ќе биде 50-годишнината од тоа. Дури и ако холограми од ABBA прават шоу, фановите се очајни за тоа“, изјави извор за магазинот The Sun.
Бендот, составен од Агнет Фалцки, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, беше активен 10 години, издаде голем број хитови и престана да свири во осумдесеттите.
Четворката се реформираше во 2020 година и го објавија својот нов албум „Voyage“, како и ги снимија своите аватари за истоименото шоу, пишува Дејли Мејл.
Инаку, дел од гледачите се убедени дека победата на Лорин и Шведска е само најава за големиот настап на ABBA. Дали ќе дојде до тоа, времето ќе покаже.