Првата улога на Деп по судењето со Амбер Херд: Сè за „Jeanne du Barry“, филмот што го отвора фестивалот во Кан

popara16 мај, 20231min00
johnny-depp-king-louis-xv-830x0

Новото издание на Канскиот филмски фестивал ќе го отвори филмот „Jeanne du Barry“, кој е специфичен пред се поради една работа.

Во прашање е остварување во кое глуми никој друг, туку Џони Деп. Ова е првата улога на американскиот актер по неговото познато судење со поранешната сопруга Амбер Херд.

Да се потсетиме, холивудската суперѕвезда беше обвинета за семејно насилство, но на крајот беше ослободена од обвиненијата.

Деп се врати на актерството, а неговиот прв ангажман по судењето беше во филмот „Jeanne du Barry“. Во ова остварување Џони Деп го игра познатиот крал на Франција, кралот Луј XV, кој се заљубува во проститутка.

Драмата е инспирирана од животот на Жан де Бари, последната кралска љубовница на Луј XV на дворот на Версај, по Мадам де Помпадур.

Филмот „Jeanne du Barry“ е дело на режисерката Мејвен, која исто така глуми во филмот. И тоа го толкува ликот на Жан де Бари.

Тиери Фремо, директорот на Канскиот филмски фестивал, ја бранеше одлуката за отворање на овогодинешниот настан со „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главната улога.

На прашањето од „Variety“ за „контроверзниот избор“ да се отвори фестивалот со враќањето на Џони Деп, Фремо рече: „Воопшто не го гледам филмот на Мејвен како контроверзен избор, бидејќи ако на Џони Деп му биде забрането да работи, тоа би било поинакво, но не е така. Знаеме само едно, тоа е правосудниот систем и мислам дека тој го доби правниот случај. Но, филмот не е за Џони Деп“.

Секако, ќе биде интересно да се види како толпата во Кан реагира на Џони Деп по сите тие обвинувања за семејно насилство.

Објавен е и трејлерот, па погледнете за што се работи во филмот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma