Џенифер Лопез постигнува сè. Неодамна промовираше нов филм, не престанува да тренира, подготвува нов албум и успева да отиде до својата канцеларија во Западен Холивуд.
За завршување на бројните секојдневни обврски, овој пат Џенифер ја гледаме во сосема опуштено издание, а познато е дека таа е дотерана од глава до пети речиси во секоја прилика, што речиси секогаш вклучува високи потпетици. Меѓутоа, актерката и пејачка сега облече бели патики, широки фармерки и долг беж џемпер. Косата ја собра во разбушавено репче, додека на лицето воопшто нема шминка.
Па, Џенифер изгледа исто како и повеќето жени бидејќи „брза“ да заврши се што е на списокот за тој ден.
Нејзиниот последен филм „Мајка“ доби одлични критики, а бидејќи годинава и се посвети на музиката, нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат новиот албум кој ќе биде продолжение на оној од 2002 година.