ОВАА навика може да биде исклучително опасна
Вечерата ги надополнува вашите залихи, што ќе ви даде енергија за следното утро, за полесно да се разбудите и да се подготвите за денот.
Покрај тоа, храната ја стимулира синтезата на протеините во мускулите, што помага во регенерацијата на телото која се одвива во текот на ноќта. Сето ова ќе го добиете доколку изберете хранлив оброк, полн со витамини и протеини.
Несоница
Доколку имате проблеми со спиењето, би било добро да воведете промена во исхраната: не јадете ништо во рок од два часа пред спиење. И тука добро ќе ви дојде да изедете нешто хранливо како последен оброк во денот, што ќе ве засити до ноќниот одмор.
Дигестивниот систем ќе има доволно време да ја заврши својата работа, телото ќе може да се опушти, што значи дека ќе бидете мирни кога ќе легнете. Ако проблемот бил што сте јаделе кратко пред спиење, тогаш сигурно ќе се ослободите од несоницата.
Подобра контрола на глукозата во крвта
Ова е корисна информација особено за оние кои имаат одредени здравствени проблеми и треба да го следат нивото на глукоза во крвта. Во оваа група спаѓаат и дијабетичарите. Оброкот пред спиење може да обезбеди подобра контрола на глукозата во крвта дури и навечер додека спиете. Во овој случај, слатките не се најдобриот избор.
Дебелина
Најочигледната причина зошто многу луѓе избегнуваат да јадат во одредени периоди е дебелината. Што се случува со истите намирници кои ги јадете во текот на денот, а потоа навечер наводно чудесно ја менуваат својата функција? Всушност ништо.
Кога би јаделе нешто здраво и лесно навечер, тоа воопшто не би било проблем. Проблемот настанува затоа што навечер посегнуваме по слатки и солени нездрави грицки, кои ги јадеме повеќе отколку што треба. Посебно ако го правите тоа покрај телевизорот, нема да ја следите количината и пред да сфатите, кесичката со грицки или чинијата со колачиња ќе ја нема, пишува „Metropolitan“.
Јадењето хранлива и здрава вечера (дури и ако е после 19 часот) ќе биде многу подобро од тони грицки.