ВАЖНО! Еве зошто жените го напуштаат мажот што го сакаат, никогаш не би помислиле дека ова може да е причината

popara17 мај, 20231min00
Screenshot_1

Пред некое време зборувавме за тоа зошто мажите понекогаш ги напуштаат жените кои ги сакаат, но овој пат решивме да погледнеме и од перспективата на жените. Зошто понекогаш жените ги напуштаат мажите во кои се заљубени?

 

 

 

 

Еве неколку причини за тоа:

 

Недостаток на комуникација

 

Жените сакаат некој со кого можат да зборуваат и во моментот кога ќе почувствуваат дека не можат со вас да споделат како се чувствуваат, ќе почнат да се пакуваат. Комуникацијата е она што поврзува, ако неа ја нема, жената се чувствува исклучена и почнува да се оттуѓува.

 

Сексот е многу поважен отколку што мислите

 

Додека обично за мажите се вели дека не можат без секс, сепак и жените сакаат секс, дури во некоја мера можеби и повеќе од мажите. За нив интимноста и блискоста се споделува преку сексот, па така игнорирањето на нејзините сексуални желби и потреби ќе води кон тоа да мисли дека си ги задоволувате своите на друго место и тоа ќе ја загрози врската.

 

Несигурност

 

Сите имаат несигурности, но некои подобро ги кријат. Ако партнерот на жената не и верува и постојано искажува недоверба, таа тоа ќе го види како недостаток на љубов и верба. Ако и душкате по лап-топ или телефон, толку ќе ви биде од врската, дури и ако не заврши во истиот миг.

 

Немање личен простор

 

На луѓето им е потребно време за себе. Ако ја гушите жената и сакате да бидете како сијамски близнаци кои секој ден се постојано заедно, тоа ќе придонесе кон отпор и незадоволство. Секогаш давајте и на вашата сакана време за себе и за нејзините пријатели, во спротивно ќе ја изгубите.

 

Се обидувате да ја промените

 

Кога се заљубувате во некого, треба да бидете сигурни дека ја сакате личноста поради тоа што е, а не поради тоа што мислите дека може да биде ако ја промените. Секоја личност заслужува да биде сакана поради тоа што е и секако дека обидите да ја промените ќе ја натераат да бега што е можно подалеку од вас.