„ПЛАЧАМ ЗАРАДИ ОВА“: Најпознатата жена ПРОГОВОРИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО

popara17 мај, 20231min00
Screenshot_2

Хајли и Џастин Бибер важат за еден од најскладните парови на светската сцена.

 

 

 

Хајли Бибер, манекенка и сопруга на пејачот Џастин Бибер, често говори за бракот со познатиот музичар, а неизбежни се и прашањата за основање на семејство.

 

Хајли отсекогаш зборувала искрено, а сега била поискрена од кога и да е, кога станува збор за нивната најдлабока интима, како што е темата на децата.

 

„Буквално плачам поради ова цело време. Толку многу сакам деца, но се плашам. Доволно е луѓето да зборуваат за работите за мојот сопруг или моите пријатели. Не можам да замислам дека би морала да се соочам со луѓето кои говорат работи за деца“, изјавила искрено Хајли во новото интервју за „The Sunday Times“.

 

Хајли и Џастин се венчаа многу млади, таа имала 21, а тој 23. Џастин неколку пати нагласувал дека целосно ја разбира Хајли зошто сè уште не сака деца.

 

„Би сакал да имам мало племе. Но, тоа е нејзино тело и нејзина одлука. Но, мислам дека Хајли сè уште има некои работи кои сака да ги постигне пред децата и мислам дека… Едноставно сè уште не е подготвена. И, тоа е во ред“, изјавил пејачот во емисијата на Елен Деџенерис.