Тејлор Свифт и нејзиното долгогодишно момче Џо Алвин неодамна раскинаа, а странските медиуми брмчат за крајот на нивната љубов.
Сега, Тејлор е повторно во фокус бидејќи папараците ја фатија како го напушта студиото со колегата Мети Хили, а двајцата не ги тргнаа насмевките од нивните лица.
Тие биле фатени доцна вечерта, а музичарите се упатиле кон автомобил кој чекал пред студиото.
Свифт енигматично се насмевнува, додека Хили гледа на страна, вознемирен од блицовите на камерата.
Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека Свифт е во врска со Фернандо Алонсо. Возачот на Формула 1 објави неколку видеа кои ги поттикнаа гласините за нивната врска. Во едното, нејзината хит песна Карма свиреше во позадина, додека фановите се убедени дека видеото снимено во теретана ја навестува нивната наводна врска.