Обидете се да ја ублажите ГЛАВОБОЛКАТА на природен начин: Овие намирници може да ви помогнат во тоа

popara18 мај, 20231min00
819676e57bdf1346b8032f9dd7d34c09fb6f64fe

Луѓето кои имаат проблем со главоболка најчесто прво посегнуваат по лекови, што секако е сосема погрешно.

Постојат голем број на сосема природни „лекови“, односно намирници кои можат да помогнат да се елиминираат главоболките. Еве за која храна станува збор.

Банани

Ако чувствувате дека доаѓа напад на мигрена, наместо преработена храна како слатки, подобра идеја е да се свртите кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат многу енергија и содржат многу магнезиум, кој благотворно делува на луѓето кои страдаат од главоболки. Освен тоа, дури 74 отсто од бананата е вода, па затоа е одлична и за хидратација на организмот.

Семиња

Со оглед на тоа дека недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутритивни предизвици, дополнувањето на овој минерал е задолжително, а во големи количини може да се најде во семките од чиа, семките од тиква и лененото семе.

Билни чаеви

Покрај тоа што чајот хидрира, ако внимателно ја изберете билката, можете да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по тоа што го ублажува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусната главоболка, а чајот од нане ќе помогне и кога се вдишува и кога се пие.

Чоколадо

Ако ве боли главоболка затоа што сте го намалиле или целосно сте го исклучиле кафето, јадете повеќе чоколадо. Освен тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум, пренесува Аваз.

Печурки

Во некои случаи, главоболките се јавуваат поради слабата апсорпција во цревата, каде што витаминот Б2 може да помогне. Најмногу го има во печурките, потоа коскеното овошје и јајцата, а делува и како превенција од главоболки поврзани со мигрена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag