За стариот мебел повторно да блесне: Со помош на овие две состојки кои веќе ги имате, тој ќе биде како нов!

popara18 мај, 20231min00
81508af8dcbb8f4d60e8071042e22b10de819c8d

Доколку сакате темелно да го исчистите дрвениот мебел и да му го вратите некогашниот сјај, можете да го направите тоа користејќи две целосно природни состојки.

Измешајте две лажици маслиново масло и сок од лимон. Натопете крпа во смесата, добро истријте ги дрвените површини и оставете да кисне десетина минути.

Потоа поминете со чиста крпа над нив. Постапката можете да ја повторите два до три пати, додека дрвото не почне побавно да го впива маслото.