Ѕвездата на „Bridgerton“ Џонатан Бејли и пејачката Аријана Гранде изгледаа магично во своите костими на снимањето на мјузиклот „Wicked“. Актерот, кој е најпознат како виконт Ентони Бриџертон во серијата на Нетфликс, го игра Фјер во претстојната филмска адаптација на познатиот мјузикл.
Британскиот актер изгледаше многу стилски во костум со зелени и златни детали и црни чизми, a неговата фигура дополнително беше нагласена со додатоци на рамениците.
Џонатан и Аријана биле на снимање во Бакингемшир во срцето на Англија, а фотографиите изгледаат како сцена од бајка додека ѕвездите се опкружени со бескрајни цвеќиња и разни украси.
Wicked, што се случува пред Дороти да дојде во Оз, е раскажано од перспективата на вештерките Елфаба, Злобната вештерка од Западот, која ја игра Синтија Ериво и Глинда, добрата вештерка од северот, која ја игра Аријана. Во центарот на љубовниот триаголник меѓу Елфаба и Глинда е Фиеро.
Аријана изгледаше прекрасно во шарен лелеав фустан со блескави ракави и тесен струк. Таа дополнително се истакна со платинесто руса коса и веѓи, а целокупниот впечаток го комплетираше со дијадема и блескаво стапче.
Се чинеше дека дуото навистина уживаше на снимањето и често беа видени како разговараат и се шегуваат меѓу снимките.
Wicked е заснован на истоимениот роман на Грегори Мегваер од 1995 година и првпат беше изведен на Бродвеј во 2003 година пред да биде отворен во театарот Аполо во Лондон три години подоцна. Иако најновата филмска адаптација првично требаше да се појави во кината пред Божиќ, сепак ќе се прикажува на големото платно од 27 ноември следната година.