ИМАТЕ ВЛАКНА НА БРАДАВИЦИТЕ? Многумина мислат дека тоа е естетски проблем, но всушност може да биде последица на ОВИЕ БОЛЕСТИ!

popara18 мај, 20231min00
591526_bol-grudi_f

Влакната на брадавиците може да бидат знак за посериозни здравствени проблеми.

Малку се жените кои сакаат и поднесуваат влакна на телото. Повеќето сè уште прибегнуваат кон нивно отстранување, за што има многу начини, од восок, шеќерна паста, бричење, креми, па дури и до потрајни решенија, како што се разни ласери.

Сепак, колку и да се нормални, влакната на брадавиците меѓу другото може да се појават и поради хормоналната нерамнотежа.

Кај жените тие растат поради зголеменото производство на тестостерон, хормон кој сите го имаме. Но, влакната може да почнат наеднаш да растат во случај на пад на естрогенот, женскиот хормон, што е исто така нормално.

Сепак, влакната околу брадавиците може да бидат знак за посериозни здравствени проблеми кај жените. Еден од нив е Кушингов синдром. Станува збор за ендокрино нарушување кое најчесто се појавува кога телото е изложено на високо ниво на хормонот кортизол.

Еден од симптомите е нагло зголемување на телесната тежина, особено околу трупот и главата, заоблено лице, зголемено потење, појава на стрии, ќелавост… Ако не се лекува, Кушинговиот синдром може да биде многу опасен.

Влакната на брадавиците може да сигнализираат и за синдром на полицистични јајници, со кој се бори една од пет жени. Тоа е најчеста причина за неплодност кај жените, а се работи за фоликули кои не созреале, а се формираат на јајниците како низа цисти.