По помалку од една година врска, музичарката Били Ајлиш ја потврди веста за раскинувањето со 31-годишниот Џеси Радерфорд. Двојката последен пат беше видена заедно на фестивалот Коачела, а откако Били се појави сама на Мет Галата, многумина претпоставуваа дека нејзиниот романтичен статус е повторно „сингл“.
“Можеме да потврдиме дека Били и Џеси спогодбено раскинаа, но тие остануваат добри пријатели. Причината за раскинувањето меѓу нив не е изневерување”, изјавил менаџерот на пејачката, но не ги открил вистинските причини за раскинувањето. Дека беа заедно, Били откри за Vanity Fair минатиот октомври, но освен тоа, тие ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста. Били од време на време објавуваше заеднички фотографии на Инстаграм. Нивното незаборавно јавно излегување се одржа на LACMA Art + Film Gala, кога заедно се завиткаа во ќебиња на Гучи.
“Точно е, јас сум во врска и многу сум возбудена и среќен поради тоа. Тоа е кул. Успеав да стигнам до оваа точка во мојот живот – не само што ја запознав личноста која е најсекси маж во светот , но и јас сум во врска со него! Аплауз за мене?“, изјавила тогаш во интервјуто. Иако Били беше среќна во врската, нејзините фанови беа загрижени за разликата во годините. Имено, тој е десет години постар од неа, но парот никогаш не се навраќал на коментарите во јавноста, а ниту сега не ги коментирале причините за нивното раскинување.