Докторот Каран Раџ стана познат по споделувањето совети и рушењето на митови на TikTok, а една од неговите објави изненади многумина.
Имено, д-р Раџ тврди дека пиењето млеко нема никаква врска со зајакнување на коските!
„Поради претераното консумирање млеко, возрасните може да страдаат од надуеност или дијареа, а воопшто не ги зајакнуваат коските“, рече тој, додавајќи дека по завршувањето на периодот на доење, човекот повеќе не може лесно да ја вари лактозата, а млекото е полно со тој шеќер.
„Дефинитивно нема да ги зајакнете коските, во никој случај. Тоа е лага во која верувате цел живот“, рече тој.
@dr.karanr Reply to @bigmanmanwoman got milk #schoolwithdrkaran #learnontiktok #milk #myth #factorcap