3 вкусови во устата кои може да укажуваат на скриени здравствени проблеми

popara17 јануари, 20241min00
shutterstock1544327336-830x0 (1)

Повеќето луѓе од време на време доживуваат чуден вкус во устата и во повеќето случаи тоа не е ништо загрижувачки.

 

Но, како што пишува „The Sun“, постојат три специфични вкусови на кои, предупредуваат експертите, треба да внимавате.

1. Сладок вкус

Здивот и вкусот што ги чувствувате во устата може да откријат како вашето тело ја метаболизира храната.

Луѓето кои имаат дијабетес може да имаат сладок здив што укажува на дијабетична кетоацидоза, болест која е многу опасна ако не се лекува.

Експертите го опишуваат овој здив како вкус на круша или, алтернативно, како мирис на ацетон. Овој тип на здив се јавува кога телото влегува во кетоза, состојба која се постигнува и со кето диета со малку јаглехидрати. Кога нема доволно гликоза во телото за да согорува енергија, телото почнува да користи масти.

Други симптоми кои може да се појават откако телото е лишено од гликоза во текот на 24 часа се зголемена жед, сув јазик, често мокрење, гадење и болки во стомакот.

2. Вкус на метал

– Инфекциите на горниот респираторен тракт, како што е тонзилитисот, можат да остават ужасен вкус во устата – вели д-р Софи Њутн.

Според неа, овој проблем се јавува затоа што инфекциите на горниот респираторен тракт често се придружени со напади на кашлање.

Повтореното кашлање со слуз носи мали количини на крв во устата и до пупките за вкус на јазикот, што доведува до изразито метален вкус.

За да го отстраните овој вкус, користете лек за кашлица. Но, ако добиете температура над 39,4, имате проблеми со дишењето или искашлувате крв, веднаш побарајте лекарска помош.

3. Солен вкус

Овој вкус може да биде резултат на дехидрација, бидејќи телото се обидува да заштеди течност со производство на помалку плунка.

– Меѓутоа, во некои случаи сувата уста може да биде знак за болест – вели стоматологот Азад Ејрумли.

– Чувството на лепливост во устата, суво и болно грло, отежнато џвакање и/или голтање, како и лош здив може да укажуваат на мозочен удар, дијабетес или Алцхајмерова болест. Исто така, овие симптоми може да бидат знак за автоимуно нарушување.

Според него, доколку некој од симптомите продолжи, неопходно е да се консултира лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag