АКО САКАТЕ ЗДРАВА И НЕГУВАНА КОСА, ПРОМЕНЕТЕ ГИ ОВИЕ НАВИКИ!

popara19 мај, 20231min00
Screenshot_5

Не треба да поминувате часови и часови пред огледало за да имате убава, сјајна и здрава коса. Почнете да ги применувате овие совети во секојдневната рутина и набрзо ќе го видите посакуваниот резултат.

 

 

 

 

  1. Кажете ДА за серумот за коса

 

Серумите за сјај со посебна формула, која на непослушната коса и дава правилна форма, се одличен избор. Со нив брзо можете да го поправите изгледот на својата коса. Серумите ја хранат вашата коса со потребната количина на масло или силикон.

 

  1. Испробајте регенератор во спреј

 

Обичните регенератори се супер, но ако сакате навистина да и овозможите сјај на вашата коса, вклучете ги регенераторите во спреј во вашата рутина. Тие се нанесуваат исто како серумите, на мокра коса и не се измива. Но, внимавајте, оди само на врвовите, никако на коренот.

 

  1. Во ладната вода е спасот

 

Чувајте ја косата од жешка вода. Топлата вода ја суши косата и ја прави безживотна. Затоа, наместо миење на шампонот и регенераторот со топла, жешка вода, пробајте да го направите истото со млака. Знаеме дека е тешко да се замисли, поготово поради ниските температури, но барем обидете се. Овој начин ги затвора кутикулите на влакното и овозможува рефлектирање на светлината, со што косата станува сјајна.

 

  1. Обрнете внимание на фенирањето на косата

 

Кога ја фенирате косата, внимавајте да ја распоредите во неколку помали делови. Откако ќе завршите последниот „круг“ поминете со ладен воздух, за поголем сјај.

 

  1. Преминете на силиконска пегла за коса

 

Пеглата за коса е најдобар пријател на жената кога сака да има рамна и мазна коса, но е најголем непријател на самата коса. Испробајте силиконска пегла, наместо керамичка или метална. Загреаниот силикон многу лесно поминува преку косата и ја израмнува уште од првиот обид, па со тоа ќе го намалите повторувањето, како и дополнителното оштетување на косата.

 

  1. Здравата исхрана е главен фактор

 

За сјајна и здрава коса секако дека главен фактор е здравата исхрана. Витамините А(морков, спанаќ, јаболки…) и Е(маслиново масло, лешници, авокадо…) треба да ги внесувате во секјдневната исхрана. Ако сакате вашата коса побрзо да расте јадете повеќе протеини, како јајца и ореви.