Поранешната Мис на светот, индиската актерка и модел Ајшварија Раџ, носеше атрактивна креација на висока мода на премиерата на филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“ на 76-тиот Кански филмски фестивал.
Познатиот Индијка на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се појави во футуристичка креација – сребрен металик фустан со огромна качулка.
Авангардната тоалета е направена од светкави монистри и метални дискови, а на предниот дел доминира голема црна машна која допира до подот.
Фустанот е со сирена крој. Во горниот дел има црн корсет, а особено е интересно што има лесни алуминиумски детали и кристали.
Ексцентричниот фустан е дел од колекцијата „Capsule“ на азербеџанскиот бренд за висока мода „Sophie Couture“. Целиот изглед е комплетиран со дискретен накит и црвен кармин.
За време на третата вечер на Канскиот филмски фестивал, Ајшварија Раџ беше меѓу најзабележаните и најфотографираните гости на црвениот тепих.
Боливудската ѕвезда и успешна манекенка која во 1994 година ја освои престижната титула Мис на светот и денес изгледа божествено.