ШМИНКА НА НЕВЕСТИ Совети од професионални шминкери на едно место

popara19 мај, 20231min00
633125_deveruseeeee_f

Пред да ја закажете вашата свадбена шминка, обрнете внимание на неколку совети што ги собравме од најдобрите шминкери. Невестинската шминка е различна од која било друга. Причината лежи во тоа што невестата ја носи таа шминка од утро до вечер и таа шминка треба да „преживее“ и да биде совршена без разлика на солзи, смеа, фотосесии, бакнеж со младоженецот и многу други бакнежи кои следат од гостите за време на честитките. Од клучно значење е да изберете професионалци кои откако ќе го повлечат последниот потег на четката на вашето лице, на крајот убаво ќе фиксираат се, но и ќе ви откријат некој трик, како сами да ја поправите ако нешто треба да се поправи.

А сега еве неколку корисни совети што ги собравме од најдобрите шминкери за невестите.

Беспрекорен тен

Професионалните шминкери знаат како да ја одберат вистинската нијанса на пудра која одговара на вашиот тип кожа за да изгледа најдобро, но она на што апелираат е тенот и кожата да ги доведете во најдобра можна состојба пред свадбата за да изгледаат светло, блескаво и вашето лице да свети онака како што сакате!

Водоотпорно е задолжително

Многу смеа и солзи радосници се составен дел од свадбите, затоа не заборавајте да проверите кај вашите шминкери дали користат водоотпорна маскара и молив за очи за да задржат сè на своето место и да го избегнат „ефектот на панда“ или црнило околу очите на сред свадба.

Кармин кој останува на усните

Не е важно дали избирате неутрални нијанси или светли црвени тонови, карминот мора да биде долготраен за да ги избегнете сите потенцијални дамки на образите на вашите гости, чашите, па дури и на венчаницата, а и за да не дојде до размачкување на карминот надвор од работ и аглите на усните, пишува „venčanice.com“.

Очите во преден план

Очите и погледот се една од најважните карактеристики на лицето на секоја невеста, па затоа е важно да закажете пробна шминка пред свадбата за да одлучите заедно со вашиот шминкер кој метод на шминка најмногу одговара на вашите очи, како на бојата, така и на формата. По пробниот период ќе знаете дали таканаречениот мачкин ајлајнер и XL трепките се најдобриот избор за вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag