Ќофтињата од тиквички и морков се прават малку поинаку од обичните ќофтиња и се многу вкусни.
Откако ќе се обликуваат, ќофтињата прво се варат кратко во супа што дополнително ги омекнува, а потоа се пржат на ароматичен путер.
Состојки:
1 тиквичка
1 морков
1 кромид
200 гр леб
250 мл млеко
100 гр јогурт
50 гр нутритивен квасец
100 гр брашно
1 лажица италијански зачини
1,5 лажичка лук во прав
1 лажица сок од лимон
1/2 лажичка сода бикарбона
2 коцки за супа
За пржење:
путер
2 чешниња лук
гранче мајчина душица
Подготовка:
Најпрво во тава со малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги ренданиот морков и тиквичката, па посолете.
Исечениот леб ставете го во сад, прелијте го со млеко и изгмечете го, па оставете го да отстои 5-10 минути. Во таа смеса додадете италијански зачини, лук во прав, сол, бибер и нутритивен квасец.
Потоа додадете ги брашното, јогуртот, сокот од лимон и сода бикарбоната, измешајте, па додадете зеленчук. Добро измешајте. Потоа покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер 10 минути. На крај формирајте ги ќофтињата.
Во тенџере растворете ја коцката за супата, а потоа сварете ги ќофтињата додека не испливаат на површината. Извадете ги и оставете ги да се изладат, а во меѓувреме растопете го путерот во тава и додадете ги чешнињата лук и едно гранче мајчина душица. Пржете додека не поруменат.
Забелешка: нутритивниот квасец што се користи има жолта боја и може да се најде во форма на снегулки, гранули или прашок. Често се користи како додаток на јадења, сосови и преливи. Се користи како замена за сирење во веганската исхрана.