
Мора да го пробате рецептот за најдобриот куглоф бидејќи има навистина неодолив вкус, а за да го направите воопшто не ви треба многу време.
Состојки:
3 јајца
100 гр шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
100 грама брашно
50 гр гриз
кора од лимон
200 гр вишни
1/2 прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги маслото, млекото, брашното и гризот со просеаниот прашок за печиво, кората од лимон и сето тоа убаво измешајте го. Истурете во калапи за мафини, а во средината ставете вишни или некое друго овошје.
Печете на 200 степени ℃ 35-40 минути. Извадете ги од калапот кога ќе се изладат. Посипете со шеќер во прав.
Пријатно!