„Sliced“ боб моментално е една од најпопуларните фризури токму поради тоа што лесно се стилизира.
Да, бобот дефинитивно е на врвот на најпопуларните фризури оваа година, но секако дека има и „но“. За жал, ако некогаш сте ја скратиле косата и немате совршено права коса, тогаш знаете дека кратката фризура значи неколку минути подолго во бањата за да добиете форма што личи на она што сте го добиле во салонот.
Во повеќето случаи тоа значи дека ќе треба да се суши со фен, да се испегла, да се витка и да се нанесуваат многу производ за да се постигне тој изглед. Меѓутоа, во повеќето случаи, косата во одреден момент се витка и добива чудна „триаголна“ форма, поради што многумина прибегнуваат кон шноли и венчиња, чекајќи да порасне.
Сепак, тоа се случува токму поради погрешното шишање. Да, некои стилови навистина изгледаат прекрасно, но не се за сите типови коса. Затоа, не е изненадувачки што овој боб се издвојува како една од најпопуларните варијанти. Причината е токму методот на кратење на косата, со кој не се губи на должина, а „sliced“ доаѓа и во форма на боб како и лоб, а акцентот е на горните делови кои се „тенчат“ и даваат форма на фризурата.
На почетокот, овој боб може да изгледа како слоевите на косата да се скратени по грешка. Сепак, тоа е токму неговата „магија“. Фризерот треба да погледне како вашата коса природно паѓа и на тој начин да добие форма која всушност одговара на вашето лице и природната текстура на вашата коса.