Дали треба овошјето да го миеме во раствор од сода бикарбона? Хемичар ја решава дилемата и открива кое овошје најмногу се прска

popara21 мај, 20231min00
27486_shutterstock-130707287_f

Миењето на овошјето и зеленчукот пред јадење е неопходно за да се отстрани нечистотијата, пестицидите и бактериите кои можат да бидат штетни за нашето здравје. И додека некои само ги навлажнуваат со вода, други се одлучуваат за темелно миење – со помош на сода бикарбона.

Се поставува прашањето дали навистина е потребно и како влијае на нашата омилена храна. Директорот на Институтот за општа и физичка хемија во Белград, д-р Стеван Благојевиќ објасни дали оваа метода навистина има ефект.

-Тоа е еден начин кој така се пропагира, но не е потребен. Доволно е да се мијат јагодите во вода, како и другите овошја. Сода бикарбона ја менува pH вредноста, веројатно малку ќе ја смени бојата и вкусот – објаснува д-р Благојевиќ.

На прашањето дали сода бикарбона ги отстранува и пестицидите од овошјето, докторот бил јасен:

– Не. Сода бикарбона влијае само на промената на pH вредноста, не влијае премногу на растворливоста, ниту пак ги отстранува мастите. Тоа е приказна што некој ја објавил и воопшто не ја проверил – објаснува тој.

Како што истакнува докторот, повеќето овошја и зеленчуци во некои циклуси се прскаат со мали концентрации на пестициди – и јаболката, јагодите, кромидот, доматите…

Тој додава дека се што изгледа убаво на око, спанаќ или млад кромид, содржи пестициди и е заштитено со нив. Кога станува збор за храната која најмногу се прска, д-р Благојевиќ истакнува дека тоа се јаболката.

– Доколку добро се измијат со вода, се отстрануваат пестицидите. Доволно е да ја миете храната со млака вода 10-15 минути, советува на крајот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag