
Иако вештачките засладувачи можат да помогнат да се намали внесот на бел шеќер кај една личност, тие исто така го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2.
Иако вештачките засладувачи им помагаат на луѓето да се ослободат од белиот шеќер, не може да се тврди дека тие се целосно здрави, дури напротив.
Истражувањата покажаа дека нивното внесување може да предизвика некои несакани ефекти.
Како што наведуваат од Светската здравствена организација, тие можат да претставуваат долгорочни ризици по здравјето, а ја отфрлија и најголемата заблуда, а тоа е дека овој вид засладувачи нема долгорочна корист во намалувањето на телесните масти кај возрасните или кај децата.

Организацијата ОН додава дека долготрајната употреба на вештачки засладувачи може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.
СЗО препорачува да се јаде храна која содржи природни шеќери, како што е овошјето и додава дека вештачките засладувачи немаат хранлива вредност.
– Воопшто не сум љубител на вакви засладувачи. Да, тие технички имаат нула калории и со тоа не го нарушуваат зголемувањето на телесната тежина, но само затоа што нешто нема калории, не значи дека нема ефект врз метаболизмот – изјави еднаш нутриционистката Али Милер.