
Девојките почнаа да ги зголемуваат усните со лута пиперка, а реакциите на луѓето се поделени.
Во денешно време многу девојки ги сметаат пополните усни за идеал на убавина, па применуваат разни работи за да ги постигнат.
Сепак, додека некои се одлучуваат за козметички интервенции или едноставна шминка која визуелно ќе даде поцелосен изглед, други применуваат подрастични мерки.
На социјалните мрежи кружат видеа од девојки кои се обидуваат да ги зголемат усните со ништо друго, туку лути пиперки.
Примената е исклучително едноставна. Ја сечат пиперката на половина, а потоа ги тријат усните со внатрешниот дел од пиперката, додека не почнат да набабруваат и да поруменат.
Една инфлуенсерка и козметичарка всушност сподели на својот Инстаграм како го прави тоа, па дури и позитивно го оцени овој метод. Сепак, нејзините следбеници имаа поделени мислења.
И додека некои сметаат дека ова е одличен, брз начин да го добијат изгледот што го сакаат, други се загрижени за потенцијалните несакани ефекти како алергиски реакции.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Што мислите за ова, дали би го пробале?