Пронајдете 4 гулаби меѓу папагалите: Моменталниот рекорд е 20 секунди

popara21 мај, 20231min00
skrivalica-2-830x0

Проверете го секој агол

Пред вас е уште една предизвикувачка игра на криенка која ќе ја открие вашата моќ на набљудување. Креатор на оваа криенка е познатиот унгарски уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф.

Тој е познат како креатор на прилично тешки загатки, а сега вешто сокрил четири гулаби меѓу папагалите.

Кога ќе се впуштите во решавање на оваа задача, немојте да мислите дека задачата е лесна, бидејќи брзо ќе се уверите во спротивното.

Сегашниот рекорд е 20 секунди, а вие обидувете се да го надминете.

Добро погледнете го секој агол од илустрацијата и фатете се за работа.

Ако ви треба помош, фокусирајте се на горниот лев агол на илустрацијата и таму треба да видите два гулаби.

Ако времето истекло и не сте ги нашле гулабите, погледнете го решението подолу.